Skip to main content

Нов сообраќаен режим за нова туристичка сезона

Безбедноста на граѓаните и непречени сообраќајни токови, се основите врз који се темели новиот режим на сообраќај за оваа летна сезона.

 |  Голабовски Крсте  | 
znak
знак

Според стручните служби, тој единствено ќе се темели врз безбедноста на граѓаните и обезбедување на непречени сообраќајни токови. Службите објаснуваат и дека нивна интенција е се повеќе да се воведе еднонасочниот сообраќај, но додаваат дека за успешно спроведување на режимот, потребен е поголем напор, од повеќе чинители.

кеј„Годинава ќе имаме чекор напред во она што треба да значи безбеден, несметан и ефикасен сообраќај, низ охридските улици. Доколку немаме соработка со МВР и нивните репресивни ингеренции во однос на почитувањето на сообраќајната сигнализација и немаме соработка од граѓаните да се надминат себеси и сопствените лични интереси и да не одат со мислата дека треба многу да вртат, тоа е цената што треба да ја платиме тек на време да сфатат граѓаните дека тоа е за доброто на сите“ вели Томислав Тунтев, експерт за сообраќај.

После низа години за прв пат дел од ул. „Кеј Маршал Тито“, од куржниот тек на плоштадот до раскрсницата со улицата „Ванчо Николески“ да биде пуштена во сообраќај за моторни возила, без можност за поставување на тезги или слични работи на овој дел, а останатиот дел до пресекот со Ул„Јане Сандански“ да се користи само за движење на пешаци. Исто така улицата Бул„Македонски просветители“ од Охридска Банка па до кејот ќе биде еднонасочна, со тоа што семафорскиот систем од четирикратен ќе премине во трикратен, што ќе овозможи поголем проток на возила и релаксирано  одвивање на сообраќајот на самиот булевар „Туристичка“. Но, со оваа измена на режимот на сообраќај, ќе се зголеми и бројот на паркинг места и тоа за околу 250, објаснува Шикалески.

turisticka„И тоа во делот на самата „Кеј Маршал Тито“ и позади ОУ„Григор Прличев“, помеѓу тоа училиште и Економското училиште, има еден поголем простор кој не се користи, тука ќе има паркирање без наплата, и овој паркинг простор ќе биде осветлен“ потенцира Шикалески.

Целата мрежа на улици која е зад поранешниот Минимаркет, како улиците „Лазо Трпоски“, „8-,и Септември“ и останатите, ќе бидат решени со воведување на еднонасочен сообраќај.Во стариот дел на градот пак  од „Горна Порта“ и на влезот од улицата “Аргир Маринчев“  ќе можат да сообраќаат само такси возилата и моторните возила  со специјални пропусници и налепници за оние кои живеат таму, кои ќе бидат контролирани на две локации. Исклучок  се прави за специјалните комунални возила, возилата на МВР, АРМ, возилата на прва помош и противпожарните возила. Одлуката за новиот сообраќаен режим,  ќе се  применува од 11 јуни 2012 година.

{loadposition content9}