Skip to main content

Нов сообраќаен режим повторно без издржана студија

Нов сообраќаен режим повторно без издржана студија.

 |  Валентина Неловска  | 
sovet
sovet

Ова лето, дел од улицата Кеј Маршал Тито, ќе биде слободна пешачка зона без сообраќај и паркирање на возила од кружниот тек до ресторанот Лас Америкас. Улицата Партизанска ќе се поврзи еднонасочно со Димитар Влахов преку новопроектираната  Улица 1 кај Тутунска банка. Жителите од Стар град ќе влегуваат со налепници на возилата  кои ќе ги добиваат во оддлението за сообраќај, а таксистите ќе имаат слободен влез. Улицата кај Горна Порта кон Дрвара станува двонасочна преку цела година. За кружниот тек на улиците Цар Самоил, Коста Абраш и Илинденска  останува забраната за движење од 20 часот до 05 часот. Ова е предвидено со новиот сообраќаен режим кој ќе стартува од 15 јуни и ќе трае до 31 август.

SovetniciСоветниците едногласно го усвоија сообраќајниот режим иако за дел од нив има пропусти во некои сообраќајни решенија. Според советникот Томислав Тунтев новиот режим на сообраќај е чекор поназад од минатогодишниот и не нуди најсоодветни решенија за растеретување на летните сообраќајни гужви. Но, Тунтев  смета дека и лошо сообраќајно решение е подобро од никакво  и  жали што досега градот не изработи  сериозна сообраќајна студија врз научна основа и покрај неговите заложби за време на мандатот во претходниот состав на Советот. Тендерите за изготвување на ваква студија пропаѓале заради нему непознати причини, но сепак смета дека Кеј Маршал Тито не треба да биде затворена за сообраќај и паркирање.

TTuntev „Улиците Кеј Маршал Тито и Ванчо Николески се затворени за сообраќај, а со минатогодишниот режим за сообраќај улицата беше отворена за сообраќај. Тоа беше со цел да има  можност и за паркирање на взоилата  и за движење на пешаците со што се прифати и растерети сообраќајниот метеж кој создаваше нервоза во минатите години. Кеј Маршал Тито е една од најпогодните улици за одвивање моторен сообраќај, најширока и најбезбедна и за возилата и за пешаците“.   

Секретарот на Локалната самоуправа, Димитар Спасески,  вети дека  сериозна сообраќајна студија градот ќе добие пред стартот на следната туристичка сезона.

„Овој сообраќаен режим мораше да го донесеме заради краткиот временски рок пред престојната туристичка сезона. Го прилагодивме на сегашните можности во соработка со сообраќајната полиција. Имавме состанок и се дадоа насоки за тендерски постапки за изработка на сообраќаен елаборат од еминентни стручни лица“.

Новиот режим на сообраќај предвидува измени и на дел од сообраќајот  на  улиците кои не се во строгиот центар на градот. Жителите на дел на улица Галичица каде што досега возеа едносмерно сега ќе возат во двата правци. Едносмерното движење на Карпош Војвода  од Лазо  Тропски до Јане Сандански ќе биде исто така во  двосмерен правец. На пресекот на улиците Лазо  Тропски со Никола Карев до  Галичица сообраќајот ќе се одвива во две насоки со можност за паркирање на  возила. Еднонасочна за сообраќај останува улицата  8-ми Септември.      
{loadposition content9}