Деновиве се одвиваат градежни работи за изградба на нов водовод за потребите на жителите на село Куратица. Со овие зафати значително ќе се подобри водоснабдувањето во текот на целата година.
Инвестираме во секој дел на територијата на Општина Охрид. Проектот го изготвивме по претходно извршени геомеханички испитувања. Вредноста на проектот е околу 800 000 денари, средства од буџетот на Општина Охрид – информира градоначалникот Пецаков.