Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека од 23.05.2022 (понеделник) на дел од улицата „Македонски Просветители“ и на дел од улицата „Димитар Влахов“ ќе се воспостави нов времен режим на сообраќај заради интензивирање на градежните работи на улицата „Македонски Просветители“.
На ул. „Македонски Просветители“ на потегот од крстосницата на оваа улица со улицата „Даме Груев“ па се до крстосницата на оваа улица со улицата „Партизанска“ ќе се воспостави еднонасочен сообраќај во правец кон езерото.
Возилата кои се движат по ул. „Димитар Влахов“ на крстосницата на оваа улица со ул. „Македонски Просветители“ задолжително ќе свртуваат во лево. На дел од ул. „Македонски Просветители“ од раскрсницата со улица „Даме Груев“ па се до крстосницата со улицата „Партизанска“ се забранува запирање и паркирање на возила.
Се молат учесниците во сообраќајот, движењето да го прилагодат во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сигнализација, велат од Локалната Самоуправа.