Skip to main content

Јоудг јасна ристеска

Нова дограма во објектот Лихнида

Вредноста на оваа инвестиција изнесува 451 704 денари, а средствата се обезбедени преку буџетот на Општина Охрид.
 |  инфодеск  | 
Дограма објект Лихнида

Во изминатиот период во објектот „Лихнида“ на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ се работеше на промена на надворешната столарија. Старата и дотраена столарија се замена со нови енергетски ефикасни ПВЦ-прозорци.

Со овој зафат значително се подобруваат условите за престој на децата. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 451 704 денари, а средствата се обезбедени преку буџетот на Општина Охрид – информираше градоначалникот Кирил Пецаков.

Дограма објект Лихнида