Нова дрога се појави на илегалниот пазар на наркотици во Охрид
Нова дрога се појави на илегалниот пазар на наркотици во Охрид. Охридската полиција кај дваесет и три годишен битолчанец при претрес пронашла 25 екстази и зипер кесичка од 30 коцки синтетичка психоактивна супстанца со халуциногено дејство која не се наоѓа на листата на контролирани психотропни супстанци и опојни дроги. СВР Охрид против лицето поднесе кривична пријава.
Пронајдена нова опасна дрога во Охрид. Станува збор за сосема нова психотропна синтетичка супстанца која што има халуциногени дејства и досега не е регистрирана во листата на опојни дроги и психотропни супстанци. Како што информираат од СВР Охрид дрогата била пронајдена кај 23 годишен битолчанец.
„Ова е прв случај на пронаоѓање на ваков вид на опјна дрога во земјава, практично во Охрид е случен овој настан и поради тоа ние како полиција како МВР ќе доставивиме барање до Министерствот за здравство на РМакедонија за барање постапка за регистрирање на овој вид на дрога во Централниот регистар на опојни дроги и психотропни супстанции“. – изјави портпаролот на СВР Стефан Димоски.
Според СВР Охрид, кај битолчанецот при извршениот преглед пронајдени биле 25 зелени таблети екстази со втиснато лого „ДНА“ сокриени од задната страна помегу коланот и пантолоните. Дополнително, во предниот џеб од пантолоните пронајдена била зипер кесичка со 30 коцки синтетичка психоактивна супстанца со халуциногено дејство која не се наоѓа на листата на контролирани психотропни супстанци и опојни дроги. Истата во 2010 година се појавила на сајтовите каде се предлагаат хемиски супстанци и синтетички дроги. Дрогата претставува дериват на psychedelic phenethylamine 2C-C, бел прашок со горчлив вкус на метал. Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ СВР Охрид против битолчанецот поднесе кривична пријава.
{loadposition content9}