
Од ЈЗУ Општа болница Охрид информираат дека Одделението за Анестезија, Реанимација и Интензивно лекување доби нова, современа медицинска опрема која ќе придонесе за уште побезбедно и поефикасно спроведување на тешки интубации.

Донацијата опфаќа два конвенционални ларингоскопски сета со пет шпатули по Macintosh, еден неонатолошки конвенционаленларингоскопски сет со три шпатули – Macintosh F.O, Miller F.O и ларингоскопски сет со флексибилен врв за тешка интубација – Macintosh FLAOLIGHT со три шпатули.
Сетoвите доаѓаат во заштитни куферчиња , со држачи и соодветни полначи. Оваа опрема, во вредност од 300.000 денари, претставува клучен елемент за секојдневната и безбедна работа на тимот, особено во итни состојби каде навремената интубација може да спаси живот.

-Донацијата е овозможена од страна на градежната компанија Lychnidos Residences, за што упатуваме искрена благодарност за нивната покажана општествена одговорност и посветеност кон унапредување на здравствената заштита. Посебна благодарност и до медицинската сестра Тања Симоноска, која преку свој личен ангажман воспостави контакт со донаторите и ја реализираше оваа вредна иницијатива, велат од ЈЗУ Општа болница Охрид.