Градежни активности
Нова фекална канализација на ул. Даме Груев
Проектот за нова фекална канализација на ул. „Даме Груев“ е во вредност од 900 000 денари. Изведувач на градежните активности е фирмата „БОКОП“ од Струга.
Денеска започнаа градежните активности за поставување нова фекална канализација на улица „Даме Груев“ на потегот кај Старото кино.
Вредноста на проектот е 900 000 денари и е дел од годишната програма на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при Општина Охрид.
Изведувач на градежните активности е фирмата „БОКОП“ од Струга и истите се очекува да завршат за десеттина дена.


