Skip to main content

Вредноста на проектот изнесува 700 000 денари

Нова фекална канализација на ул. Дејан Војвода

Вредноста на проектот изнесува 700 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, информира градоначалникот Пецаков.
 |  инфодеск  | 
Улица Дејан Војвода

Се поставува нова фекална канализација на улица „Дејан Војвода“ во Охрид.

Екипи на Јавното претпријатие „Нискоградба” реализираат активности за изведба на нова фекална канализација на дел од улица „Дејан Војвода”. Со овој зафат се заменува старата и дотраена и се поставува нова. Вредноста на проектот изнесува 700 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид – информира градоначалникот Кирил Пецаков.

Улица Дејан Војвода