Нова градба крај езеро
Покрај Охридското крајбрежје ќе никне нов атрактивен објект за времено сместување.
Финишира постапката за изградба на нов објект покрај езерото. На само 53 метри од крајбрежјето на Охридското Езеро, на дел од туристичкиот комплекс Св. Стефан, планирано е изградба на објект за времено сместување А-4. Со цел навремено да се согледаат можните негативни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето, како и социо – економските аспекти од реализација на овој план се наложило потреба за спроведување на Стратегиска оцена, велат од Локалната.
Денес на јавна расправа беше разгледана нацрт верзијата од планот и Извештајот за стратегиската оцена. Љупчо Аврамоски како експерт задолжен за изработка на извештајот, вели дека сугестиите и насоките од секторот за животна средина и просторно плнирање, многу му помогнале во изработка на стратегиската оцена, посебно со нивните укажувања од можните негативни влијанија.
„Тој дел е подложен на порои и затоа предвидовме мерки за фаќање на тие атмосферски води што доаѓаат со пороите со два система комбиниран систем еден е изграден на канализациона мрежа атмосферска кој ќе биде сепарантна од фекалната канализациона мрежа и преку бунари. Беше укажано и на трската која е присутна во тој дел која треба да се заштети и затоа планерот се повлече малку за да не биде овој проект и реализација на планската содржина предмет да предизвика негативни влијанија и одумирање на флората и фауната“, објаснува Аврамоски.
На јавната расправа немаше присутни граѓани, засегнати од реализација на овој план. Аврамоски вели дека сеуште јавната свест за присуство на граѓаните на извештаите од ваков карактер не е на потребното ниво, што не е случај надвор од земјава, поточно секаде каде се применуваат европските стандарди.
Доколку овој урбанистички план ја добие целата институционална поддршка, на оваа парцела ќе никне голем објект на површина од 2000 м квадратни со 3000 метри дворна површина. Инвеститор и сопственик на земјиштето е Стојан Ѓорговски, кој рече дека планира вкупната инвестиција за овој објект да изнесува 15 милиони евра. Ѓорговски е оптимист и доколку се тргне како што треба веќе во септември годинава планирано е да отпочне со градба која за две години ќе биде финиширана.
{loadposition content9}