Skip to main content

Градски сообраќајници

Нова хоризонтална сигнализација

Активностите ќе се одвиваат во вечерните часови кога на сообракајниците гравитира значително намален број на возила.
 |  инфодеск  | 
Општина маркица

Општина Охрид како дел од предвидените програмски планови за одржување на сообраќајната сигнализација, во текот на наредните денови ќе реализира активности за хоризонтално обележување на улиците на територија на општината.

Активностите ќе се одвиваат во вечерните часови кога на сообракајниците гравитира значително намален број на возила.

Се упатува молба до учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација која ќе биде поставена во текот на теренските активности и да ја прилагодат брзината на движење.