Skip to main content

Отворен ден во охрид

Нова кариера во продажба во USA со Slice

„Ги покануваме сите ентузијасти да ни се придружат и да бидат дел од отворениот ден. Потрагата по нови засилувања на тимот за продажба ќе започне со брзи интервјуа. Ажурирајте ја својата биографија и бидете подготвени да ни ги покажете вашите вештини на лице место“, велат од Slice.
 |  инфодеск  | 
Слајс

Со големо задоволство Slice го најавува отворениот ден за кариера во продажба во канцелариите во Охрид. Доколку сте подготвени за кариера во меѓународно реномирана компанија, ве очекуваме на 4-ти ноември во нашите канцеларии во Охрид со почеток од 14:00 часот, информираат од Slice.

Запознајте дел од тимот кој е заслужен за успехот на оваа светска компанија, научете неколку одлични совети и трикови во продажба, уживајте во одлична пица и бидете подготвени за можноста да бидете вработени на лице место.

Ги покануваме сите ентузијасти да ни се придружат и да бидат дел од отворениот ден. Потрагата по нови засилувања на тимот за продажба ќе започне со брзи интервјуа. Ажурирајте ја својата биографија и бидете подготвени да ни ги покажете вашите вештини на лице место, додаваат оттаму.

Slice е глобална tech компанија со над 1.000 вработени и канцеларии во САД, Северна Ирска и Македонија. Примарната цел на компанијата е да им помогне на локалните пица-ресторани во USA да бидат конкурентни на пазарот, преку обезбедување на иновативна платформа за нарачување пица, но и техничка поддршка, советување и помош при работењето.

Во моментов, на локално ниво Slice работи во Скопје, Охрид и Дебар, истовремено остварувајќи директна соработка со над 19.000 пицерии во околу 2.000 градови низ САД.

Придружи се на Slice тимот!