Центарот за развој на Југозападен плански регион, во соработка со Општина Охрид, го стави во функција и последниот додаток од опремата – пила за кастрење, кој што беше дел од проектот за „Јакнење на капацитетите на комуналните претпријатија преку набавка на опрема“, финансиран од Општина Охрид.
Притоа во охридските јавни претпријатија инвестирани се 4,3 милиони денари за товарното возило за Водовод, претходно 3,2 милиони денари за двата трактори со приклучна меџанизација за Охридски Комуналец и Нискоградба.