Со средства од општинскиот буџет изградена е нова пешачка патека покрај стариот пат за Струга, на делот што води кон Извидничкиот центар во населба Даљан.
Претходно во комуникација со жителите од оваа населба, местото беше детектирано како критична точка за движење на пешаци. Поплочени се околу 1000 метри квадратни, односно 510 метри должина и 2 метри ширина.