Skip to main content

Нова позиција за инспектор во Охрид

За прв пат општина Охрид ќе има свој даночен инспектор кој ќе се грижи за  наплатата на даноците односно на приходите.

 |  Билјана Николоска  | 
inspektorat
inspektorat

inspektoratОхрид за прв пат ќе има свој даночен инспектор. Заврши огласот за пријава на кандидати за нов инспектор, во општинскиот инспекторат. Во тек е постапката за избор на челник на оваа позиција. Во Локалната самоуправа на Охрид, веќе ќе има кој да се грижи за наплатата на даноците на општината. Портпаролот на општина Охрид, Симон Илиевски, вели дека ова досега непотполнато место е согласно последната систематизација на Локалната самоуправа.

Постапката за избор на даночен инспектор ја води Агенцијата за администрација. Оваа позиција во досегашниот мандат на градоначалникот Петрески, ја немаше. На нашето прашање зошто точно сега се наложи потреба од ваков кадар, Илиевски со одговор.

„Општината неможе со еден конкурс да ги исполни сите слободни работни места во администрацијата. Тоа оди тековно според проценките кои ги има општинската администрација и тие места полека според последната систематизација се пополнуваат“.

Од Агенцијата за администрација велат дека за шест дена ќе се знае кој ќе биде новиот охридски даночен инспектор. Од таму кажаа дека заврши огласот и дека веќе направени биле интервјуата со кандидатите, па сега на потег е секретарот на општина Охрид, Димитрија Вревезоски, кој согласно  Законот за државни службеници, треба да ја даде одлуката на Агенцијата за нивниот избор. Според извори блиски на ТВМ, оваа фотеља во општинскиот инспекторат, го чека Бранислав Трпчевски.

{loadposition content9}