Skip to main content

Нова премиера на Охридскиот народен театар

Нова премиера на Охридскиот народен театар. Хотел ни на небо ни на земја, во режија на Љупчо Ѓоргиески е престава каја е метафизичка неизвесност помеѓу сонот и стварноста, помеѓу комичното и трагичното, во потрага по смислата на постоењето и животот. Во преставата учествува повеќебројна актерска екипа, главно сочинета од охридските глумци, но има и надворешни соработници.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Хотел ни на небо ни на земја. Нова премиера на Охридскиот народен театар. Преставата која е во режија на Љупчо Ѓоргиески е престава каја е метафизичка неизвесност помеѓу сонот и стварноста, помеѓу комичното и трагичното, во потрага по смислата на постоењето и животот. Текстот е од најпознатиот современ француски писател, Ерик Емануел Шмит и бил инспирација за Ѓоргиески да ја режира драмата. Тој за првапат соработувал со охридската екипа актери и навистина е презадоволен од енергијата и флуидот кој што се создал.

За нас режисерите секој нов терен, секоја нова екипа преставува посебна провокација и задоволство и посебна возбуда. Работата меѓу режисерот и актерите го доживувам како интимен чин бидејќи ние фигуративно речено се соголуваме едни со други и ги споделуваме своите мисли, ставови, знаења, па дури и незнаења, вели режисерот.

Во преставата учествува повеќебројна актерска екипа, главно сочинета од охридските глумци, но има и надворешни соработници. Еден од главните ликови го игра Никола Тодоровски кој за улогата вели дека му отворила многу видици и теми за размислување.


Јас го толкувам ликот на Жулиен Портал. Тоа е еден млад човек кој што имал можности да ги ужива сите материјални бенефити на животот. Потекнува од богато семејство, има добро образование и се му е стокмено во животот. Но, кога случајно ќе се најде во хотелот ни на небо ни на земја ќе се соочи со некои реални животни ситуации и со сиот шунд што не опкружува, вели актерот Тодоровски.

Еден од главните ликови го толкува актерката Ирина Илиеска која е гостинка од Скопје. Таа вели дека иако претходно ниту ги знаела охридските актери ниту пак со некој од нив имала застанато заедно на сцена, била несебично прифатена и е презадоволна од соработката.

Апсолутно се несебични и отворени за соработка со надворешни членови, а што се однесува до мојата улога можам да кажам дека е олицетворение на една млада, чиста искрена, млада девојка, која има прекрасен дух кој долу на земјата е затворен во едно тело кое не функционира нормално, вели актерката Ирена Илиеска.

Преставата ќе се игра во петок предпремиера, а цената на билетот ќе е 200ден. И сабота, премиера, со цена на билетот од 250 ден. Почетокот на преставата е во 20 часот. Директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“, Горан Симоновски, рече дека средствата собрани на предпремиерата ќе бидат наменети за настраданите во земјотресот во соседна Албанија.