Нова премиера на охридскиот театар
Денеска со почеток во 20 ч во Центарот за култура Григор Прличев, премиерна изведба на претставата „ На дното“ по текст од Максим Горки, а во режија на Кирил Петрески. Претставата се занимава со човекот, во потрага по вистината и борбата за опстанок којашто се случувала во минатото, а која и ден денес сеуште трае.
Нова премиера на охридскиот народен театар. Денеска со почеток во 20 ч во Центарот за култура Григор Прличев, премиерна изведба на претставата „ На дното“ по текст од Максим Горки, а во режија на Кирил Петрески. Претставата се занимава со човекот, во потрага по вистината и борбата за опстанок којашто се случувала во минатото, а која и ден денес сеуште трае. Режисерот Кирил Петрески вели дека претставата е подготвена за релативно краток период и се игра во еден специфичен и мал простор од 50 седишта, односно во подрумскиот простор на центарот за култура. Во тој простор којшто наликува на дно, публиката може на лесен начин да ја долови целта и идејата на претставата, вели режисерот.
“Фасцинатно е истовремено и болно колку драмскиот текст напишан од Максим Горки е актуелен и денес. Проблемите и темите коишто ги отвора и денес после 100 год од неговата изведба, го мачат човекот и човештвото до ден денес. Веројатно е така со сите големи драмски текстови и со сите големи автори. Репликите и идеите во претставата денес ни изгледаат како да доаѓаат од некое далечно утопистичко минато, а не од некое сериозно минато”, изјави режисерот Кирил Петрески
Актерот Стрезо Стаматовски кој игра две улоги вели дека претставата опфаќа ликови кои се трудат да ја пронајдат вистината, својот душевен мир и кои се во конфликт со постоењето.
“Би рекол дека е конфликт за битувањето или being на англиски. Пронаоѓањето на вистинската среќа, дали по патот на лагата или по патот на вистината. Лагата викаат дека е религија на господарите и робовите, а вистината е божица на слободниот човек”, кажа актерот Стрезо Стаматовски
Јасмина Билаловиќ која игра една од главните улоги вели дека ова е остварување на нејзинот сон. Уште од факултетските денови сакала да глуми во оваа претстава.
“Го играм ликот на Василиса Карповна. Како што најави Горан таа е газдарица на пансионот, бескрупулозна жена којашто не бира средства за да дојде до својата цел. Значи оперирана од етика и совест, којашто ги инструментализира луѓето и доаѓа до својата цел”, вели актерката Јасмина Билаловиќ
Директорот на охридскиот народен театар и актер во претставата Горан Стојаноски кажа дека претставата е за соочувањето на човекот со секојдневните проблеми.
“Овие луѓе имаат еден проблем што е многу голем, а тоа е дека од утре ќе го сменат животот, ама не го менуваат”, рече директорот Стојаноски.
Инаку оваа претстава првично беше најавена за април, но поради технички проблеми истата не се одржа. За денешната премиера картите се веќе распродадени, а утре ќе има реприза, исто со почеток во 20 часот.
{loadposition content9}