Skip to main content

ЈП Водовод – Охрид

Новата препумпна станица Шипокно се поврзува со новиот цевковод

Претходно во првата фаза во населбата Св.стефан-Шипокно, поставен е нов цевковод со профил ф110 мм во должина од 621м.
 |  инфодеск  | 

ЈП Водовод известува дека започна со втората фаза, поставување и поврзување на новиот цевковод со новата препумпна станица Шипокно. Претходно во првата фаза во населбата Св.стефан-Шипокно, поставен е нов цевковод со профил ф110 мм во должина од 621м.

-Со цел да се обезбеди стабилно и континуирано водоснабдување, поставени се и поврзани пумпи MZT 5, MSSI 40-4 и електромашинска опрема, за што беше направена и комплетно целосна инсталација за поврзување на пумпите со новиот цевковод, велат во нивното соопштение.

Средствата за овој зафат во вредност од 468.360 денари, се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.