Нова терминална зграда за охридскиот аеродром
Изградбата на нова терминална зграда за Аеродромот „Св Апостол Павле“предвидено е да започне оваа година. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, вели дека реализацијата на проектот дополнително ќе го зголеми неговиот капацитет и можноста за развој.
„Една од најважните политики за Охридскиот аеродром е изградбата на новата Терминална зграда, којашто очекувам да започне во текот на оваа година. Во координација со ТАВ Македонија, ние разговаравме за отпочнување на овој проект, Тие ги подготвуваат нивните проекти и дел од договор којшто го имаат склучено со државата е изградба и на нова терминална зграда во Охрид којашто ќе даде поголем капацитет и можност за развој на охридскиот аеродором.“- Благој Бочварски, Министер за Транспорт и врски.
Охридскиот Аеродром е класичен туристички аеродром, со најголем интензитет на летови во текот на летната сезона, но неговото значење за регионот е огромно. Има зголемување и унапредување на физичкиот обем на сообраќај на охридскиот аеродром, вели директорот на Агенцијата за Цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев, изнесувајќи споредбени податоци од 2019 година кога имало над 300 илјади патници годнишно и во 2014 година кога имало само 45 илјади.
„Тоа големо зголемување и унапредување на физичкиот сообраќај и така и ќе продолжеше тоа го сфати и концесионерот и затоа направи план за нова терминална зграда. Во преговори се со Владата, се чека измени и дополнување на Законот за концесии, така што очекувам дека од средината на оваа година ќе започне да се гради нова терминална зграда на охридскиот аеродром. Таа ќе овозможи зголемување на нивото на услуги кои ги дава охридскиот аеродром на патниците, посебно во оние врвни периоди на сообраќајно оптеретување во текот на летните месеци.“- Томислав Тунтев, Директор на Агенција за Цивилно воздухопловство.
2022 година претставувала значително закрепнување на патничкиот авиосообраќај достигнувајќи приближно 2,4 милиони патници, односно 20 илјади летови.Моментално, 11 авиокомпании летаат од аеродоромот во Скопје до 36 дестинации, додека од аеродромот во две авиокомпании летаат до 4 дестинации.Од јуни годинава е најавено и обновување на авиолинијата Белград – Охрид како и активирање на директната авионска линија од аеродромот „Мастрихт/Ахен“ до Охрид.