ЈП ВОДОВОД Охрид
Нова водоводна линија на крак од Абас Емин
Ќе се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 мм. Изминатава недела екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, интервенираа на дефекти на неколку локации во Охрид.
ЈП ВОДОВОД Охрид започна со изведба на нова водоводна линија на крак од улицата „Абас Емин“.
Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, ќе се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 мм во должина од 83 метри, информираат од јавното претпријатие.
Изминатава недела екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 17ти до 23ти Април, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување.
Отстранети беа дефекти на следните улици: С.Пештани, Охридати, „Бистрица (2 дефекти)“, „Пирин Планина“, „Славеј Планина“, „Богомилска“, „Прилепска“ бр.10,„Охридска Бригада“ бр.62, Пред Хотел Бетон.


