Skip to main content

ЈП Водовод – Охрид

Нова водоводна линија во населба Бејбунар

Во првата фаза поставен е цевковод од полиетиленски материјал со профил ф160 мм во должина од 88 метри и два приклучоци за новоизградените објекти.
 |  инфодеск  | 

ЈП ВОДОВОД Охрид започна со изведба на нова водоводна линија за новиот комплекс згради во населбата Бејбунар.

Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува комбиниран цевковод од полиетиленски материјал во должина од 1305 метри и тоа:

– Профил ф160 мм во должина од 720 метри

– Профил ф110 мм во должина од 537 метри

– Профил ф90 мм во должина од 48 метри

Од претпријатието информираат дека средствата за реализација на проектот во вредност од 11.973.439,00 денари се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Во првата фаза поставен е цевковод од полиетиленски материјал со профил ф160 мм во должина од 88 метри и два приклучоци за новоизградените објекти.