Skip to main content

градежни активности

Нова водоводна линија во Шипокно

Градежни активности за поставување на цевковод се изведуваат во населбата „Шипокно“. Вредноста на зафатот изнесува 1 700 000 денари.
 |  инфодеск  | 

Екипи на ЈП „Водовод“, по налог на Општина Охрид, изведуваат градежни активности за поставување на 400 метри цевковод во населба „Шипокно“.

Вредноста на зафатот изнесува 1 милион и 700 илјади денари. Средствата се одвоени од буџетот на Општина Охрид.

Со овој зафат значително ќе се подобри водоснабдувањето во населбата.