Skip to main content

Јавна чистота

Новата метачка како „мачката со опашката“

Колку и дали воопшто чистат новите метачки на ЈП „Охридски Комуналец“?! Погледнете го видеото што ни го испрати наш сограѓанин.
Комуналец

Наш сограѓанин ни испрати видео материјал за рубриката „Ти си твојот град“ од новите метачки кои што ЈП „Охридски Комуналец“ ги изнајмува од приватна фирма за чистење.

Во текстот што ни го има пратено тој вели:

Од видеото се гледа дека само го префрлаат ѓубрето од една на друга страна, но не го собираат. Дали позади метачките треба да оди и работник кој што ќе го собира ѓубрето или можеби се расипани?! Бидејќи метачката само го собира во една линија, а отпадот си останува и истиот не е подигнат.

Погледнете го видеото во продолжение!