Skip to main content

Прашалник на ТВМ со Соња Рилковска

Новата сезона на емисијата „Прашалник“ со толкувач на знаковен јазик

Целта на ТВМ, единствената приватна телевизија  во регионот,  е приближување на  темите од локално и регионално значење до лицата со оштетен слух.
 |  инфодеск  | 
Прашалник

Започна новата сезона на дебатната емисија Прашалник на Регионална ТВМ телевизија. Оваа, петта сезона  за прв пат се воведува толкувач на знаковен јазик. Целта на ТВМ, единствената приватна телевизија  во регионот,  е приближување на  темите од локално и регионално значење до лицата со оштетен слух.

Вклучувањето на толкувач на знаковен јазик засега е само препорака за медиумите, но од следната година ќе биде и законска обврска.

ТВМ телевизија години наназад го има прилагодено и Дневникот , еден од информативните појаси е прилагоден за глуви и наглуви лица.

Знаковниот јазик е природниот јазик на глувите и наглуви лица, нивниот лингвистички идентитет и основно средство за комуникација. Со неговата застапеност во програмите на медиумите и оваа категорија граѓани се чувствуваат еднакви.