Skip to main content

Новата театарска сезона во Охрид започнува на 29-ти септември

Од „Охридскиот народен театар“ најавуваат четири премиери до крајот на годинава. Директорот Горан Стојаноски, најавува многу гостувања на нашата театарска куќа, но и нејзини организациони и теничко-технолошки подобрувања.

 |  Голабовски Крсте  | 
akteri
актери

Наскоро започнува новата тетарска сезона во Охрид. Од „Охридскиот народен театар“  најавуваат дека репертоарот ќе започне на  29-ти септември, со претставата која премиерно беше прикажана во јуни годинава, „Свадбата на Итар Пејо“, во режија на Дејан Дамјаноски. Во моментов финализираат подготвките за претставата „Малограѓанска свадба“,  на Бертол Брехт, во режија на Дејан Пројкоски. Престава која ќе биде вистинско доживување за публиката и со малку подолга премиера од неколку дена,  вели директорот на Охридскиот театар, Горан Стојаноски.

pretstava„Новата претстава ќе биде ексклузивна претстава. Тоа е еден многу голем и силен проект каде се вклучени три професионални музичари, дел од екипата на Битолскиот театар, Петар Мирчески, доајен на македонскиот театар, Јулка Стефанова, битолска актерка, целиот ансамбл на Охридскиот театар. Публиката на оваа претстава ќе биде сместена на една голема маса заедно со актерите, како да присуствуваат на една голема свадба, значи ќе може да собери 24 луѓе на едно одигрување на претставата, но затоа мислам дека таа претстава ќе се игра многу често, многу пати за да може сите да ја видат“ објаснува директорот Стојаноски.

Инаку премиерата на оваа претстава  се очекува да биде некаде во првата половина на октомври, што значи дека во октомври репертоарот станува поинтензивен. Тука се претставите „Полицаjци“ на Андреј Цветаноски, „Малограѓанска свадба“,„Свадбата на Итар Пејо“, а ќе биде обновена и „Кабаре Мистериозо“, објаснува Стојаноски. Тој додава дека интензивно се работи на организационата структура на самата куќа за да може да се добие еден правилен концепт на нејзино функционирање.

pretstava„ Потребни се ексклузивно одредени техничко-технолошки промени, зајакнување на технички персонал, зајакнување на актерски персонал, и сите тие зголемувања на капацитети, посебно просторни капацитети се ексклузивно неопходни. Подразбира проби, кои траат по десетина часа, се тоа мора да се опслужува. Не е само ивентот. Мене ми се чини она што во моментов недостасува е production managementot, како продукцијата да се менаџира во целата таа постапка.“ потенцира Стојаноски.

Од Охридскиот театар велат дека планирани се повеќе гостувања по театрите низ земјава. И тоа охриѓани на 27 септември гостуваат во во Крива Паланка, потоа на Фестивалот на комедија во Куманово на први октомври, каде со претставата „Ајде да си речиме уште една“ ќе го отворат овој фестивал а тука е и  гостувањето на фестивалот во Виница на 17-ти октомври. Покрај овие гостувања во земјата, за наредната година се планира Охридскиот театар да оствари и посета во некои од театрите во Германија, Полска или Италија.

{loadposition content9}