Skip to main content

Нови апарати во Центарот за јавно здравје

Здравствените услуги за кои досега граѓаните на Охрид одеа во другите градови сега ќе можат да ги добијат во градов. Центарот за јавно здравје набави неколку софистицирани апарати во микробилоошката лабораторија како и во санитарната лабораторија. Услугите ќе се вршат со сини картони.

 |  Јаковлева Лионела  | 
aparat
апарат

Центарот за јавно здравје се поднови. Набавени се неколку софистицирани апарати со што ќе се подобрат здравствените услуги на граѓаните. Новите апарати се сместени во микробилоошката лабораторија како и во санитарната лабораторија, а ќе се користат за правење анализи на крвта како и за анализи на храната и водата. Еден од апаратите служи за брзо откривање на бактериите во крвта. Со него се добиваат 96 анализи во минута а резултатите се  со 100 процентна точност. Доколку резултатот е позитивен се добива антибиограм со 30 можни антибиотици.aparat

„Здравствените услуги за кои досега граѓаните одеа во другите градови сега ќе можат да ги добијат во градов. Услугите ќе се вршат со сини картони“, вели директорот на Центарот, Атанаско Михаилов.

Со дугиот апарат  кој се вика ИМУЛАЈТ ќе се прават испитувања врзани со вирусологијата посебно важни за бремените жени. Ќе се прават и анализи за тумормаркери, тироидни хормони, анализа на женски и машки полови хормони и др.. Во санитарната биохемија истотака се набавени два нови апарати. Едниот е МЕМБРАНФИЛТЕР со кој ќе се вршат прецизни испитувања на квалитетот на водата и СПЕКТРОФОТОМЕТАР, кој ќе служи за испитување на квалитетот на храната

Михаилов објаснува дека апаратите се набавени од сопствени средства и дека за нив се потрошени 6 милиони денари.

Центарот за јавно здравје располага со стручен кадар кој ќе работи на овие апарати, а и ентериерно се уредува како би се создале подобри услови за работа.

{loadposition content9}