Skip to main content

Нови чартер летови од охридскиот аеродром во организација на „Томас Кук“

Во текот на 2016 година се очекува значаен развој на охридскиот аеродром, најави Алпер Ерсој, заменик-генерален директор за операции на ТАВ Македонија.

 |  Голабовски Крсте  | 
аеродром

Во текот на 2016 година се очекува значаен развој на охридскиот аеродром, најави Алпер Ерсој, заменик-генерален директор за операции на ТАВ Македонија.

аеродромОд компанијата оцеунуваат дека 2015 година била успешна во поглед на бројките за сообраќај за охридскиот аеродром.
– Забележавме значаен пораст на сообраќајот на двата аеродроми, бројки кои се многу повисоки од европскиот просек. Бројот на патници порасна за повеќе од 20% на годишно ниво и има најголем пораст споредено со сите 14 аеродроми со кои ТАВ холдингот оперира, велат од ТАВ Македонија.

Еден од најголемите тур-оператори Томас Кук, ќе почне да организира чартер-летови до Охрид ова лето. Новина за охридскиот аеродром Св. Апостол Павле се и најавените чартер-летови од Израел, кои заедно со традиционалните летови од Холандија, Белгија, Швајцарија и Австрија, ќе придонесат за поголем прилив на туристи во Охрид, додаваат од компанијата.