Нови хортикултурни содржини во градскиот парк пред големиот христијански празник Велигден
Се надеваме дека ваквата комбинација на дрвени саксии со цвеќиња со живописни бои ќе остави визуелен впечаток на секој минувач, велат од ЈП Охридски Комуналец.
Градскиот парк збогатен со нови хортикултурни содржини како резултат на инспиративни идеи на вработените во ,,Паркови и зеленило”.


Вработените направија саксии од стари дрвени буриња каде се засадени пролетни цвеќиња од видот кампанула, декоративна црвена фотинија, во комбинација со декоративен бел камен.

Се надеваме дека ваквата комбинација на дрвени саксии со цвеќиња со живописни бои ќе остави визуелен впечаток на секој минувач, велат од ЈП Охридски Комуналец.


