Нови книги во охридската библиотека кои ќе го привлечат вашето внимание
Неделната понуда од нови наслови ние од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја започнуваме со книгата за деца „Мојот свет“ во издание на Панили од познатиот македонски автор Киро Донев, омилен на генерации читатели.
Неделната понуда од нови наслови ние од НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја започнуваме со книгата за деца „Мојот свет“ во издание на Панили од познатиот македонски автор Киро Донев, омилен на генерации читатели.
Овој преглед содржи дела претежно од домашни автори. Премостени соништа од Ана Рингачева Витанова во издание на Силсонс, Клучот на Ивана од Ленка Попоска Гогоска, издавач Ѕвезда.
Ви предлагаме да ги прочитате и следните наслови: Снегот добро пазеше да не падне од Дарко Цвјетиќ во издание на Израз, Драми од Маја Стевановиќ – МИ-АН и драмата Животот е краток и нејасен од Марјан Анѓеловски.
За љубителите на литературната кртика денес ги издвојуваме: Чудесното и реалистичното во прозата на Глигор Поповски во издание на Муза и Етнологот како писател и писателот како етнолог уредена од Илина Јакимовска и Јасна Котеска во издание на Табахон.
Посебно ви го препорачуваме изданието на Култура, Научно – културните мостови со Грција од Вера Стојчевска – Антиќ , почесен член на нашата библиотека.
Пултот за издавање книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ е отворен од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 часот а годишната членарина за возрасни е 300 а за деца 200 денари.