Skip to main content

Нови кумови

Здружението на граѓани „Богојавление“, денес едногласно одлучија кумството да му го предадат на Панделески Цветан и Николоски Тане.

 |  Николоска Биљана  | 
krst
крст
Здружението на граѓани „Богојавление“, денес едногласно одлучија кумството да му го предадат на Панделески Цветан и Николоски Тане.

Ljupco ArnaudovГодинава за фрлањето на крстот на „Водици“ од одборот на здружението најавија многу новини.

Панделески Цветан и Николоски Тане се новите кумови на манифестацијата „Богојавление“ По тој повод денеска традиционално се одржа свечена седница. Претседателот на здружението Љупчо Арнаудов годинава рече дека и годинава нема да се прескокне свечениот чин на предавањето на кумството.

Годинава ќе биде посвечено и помасовно рече Димитар Пендов, кој во знак на почит кон денешниов празник „Богородица Пречиста“, предложи, до сите претставници на Управниот одбор на седницата да се прескокнат останатите точки од дневниот ред и приоритет да се даде на гласањето за кумството.

Претседателот Арнаудов за годинава најави чист терен за фрлање на крстот како би се одбегнале бројните шпекулации кои кружат во врска со овој чин.

Годинава за „Водици“ ќе бидат изработени два идентични крста Едниот ќе биде подарок  за фаќачот на светиот крст а едниот ќе биде поклонет на црквата Св. Никола Геракомија. Дворното место на оваа Црква ќе биде реновирано рече претседателот Арнаудов со средства од здружението „Богојавление“, а предвидени се средства и за изгорениот манастир Св. Јован Бигорски.

{loadposition content9}