Skip to main content

Библитекарство

Нови наслови во охридската градска библиотека

Библиотеката „Григор Прличев“ деновиве ја заврши првата набавка за годинава на нови наслови од реномирани македонски издавачки куќи.
 |  Голабовски Крсте  | 
книги

Преку Јавна набавка а со средства од Министерството за култура Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ деновиве ја заврши првата набавка за годинава на нови наслови од реномирани македонски издавачки куќи.

Интенција е на библиотеката со уште еден или два дополнителни повици во текот на оваа 2022 година да го збогати фондот со нови, актуелни книги и наслови од домашната и странска продукција во одделите за деца и возрасни.

книги

Еве ги првите пет книги кои се веќе на полиците за издавање:

„Море на загубената љубов“ од Санта Монтефјоре и „ Лаги што поврзуваат“ од Емили Гифин и „Италијанска девојка “ од Лусинда Рајли трите во издание на Матица македонска.

На штандовите за издавање побарајте ги книгите: „Продавница за сувенири во Техеран“ од Марјан Камали и „што остави зад себе“од Елен Мари Вајсмен обете во издание на Книгохоличари.

Годишната членарина во Библиотеката за деца е 200 а за возрасни 300 денари.

Библиотеката за читателите е отворена од понеделник до петок во времето од 8 и30 до 16 часот.