Skip to main content

Нови новогодишни тезги, стари проблеми

Новогодишните тезги, годинава на малку променета локација.

 |  Мишел Наумоски  | 
tezgi
тезги

Наместо наредени од двете страни на малиот плоштад кај Чинарот, годинава, новогодишните тезги на малку поразлична локација, поставени околу градската фонтана. 

stari novogodisni tezgiНеколкуте тезги со години наназад со својот неугледен изглед им бодат очи и на охриѓани и на туристите кои доаѓаат тука за новогодишните и божиќните празници. Откако минатата недела беа поставени овие тезги, не стивнуваа реакциите на граѓаните околу нивниот изглед. Еве што кажаа охриѓани:

„Треба тоа да се продава, да си има убави куќарки, сите да се исти, а не вака.“

„Нема тезги, кога имаше пари имаше и тезги, сега нема.“

„Не ми се допаѓа изгледот, треба да се смени нешто, некако изгледаат сиромашно, празно.“

„Тезгиве некако се сконцентрирани на едно место, на кого му текна оваа локација?“

„Јас тоа го замислував некако да има некои дрвени куќарки па во нив да се продава или пак воопшто да ги нема.“-рекоа дел од граѓаните.

drveni novogodisni tezgiСе чини денес, раководството на јавното претпријатие „Градски пазар“ кое ги изнајмува тезгите на заинтересираните продавачи, ги послуша повиците на граѓаните, па наместо тезгите кои беа првично поставени, попладнево реши истите да ги замени со поугледни дрвени тезги со покрив. Според директорот на ЈП „Градски пазар“, Тони Коталески, овие дрвени тезги изгледаат убаво и за купувачите и за оние кои продаваат на нив. На прашањето дали ќе им се дозволи на продавачите тезгите да ги обложат со најлони со цел да се заштитат од студот, Коталески вели дека тие тезгите ги изнајмуваат во првобитниот изглед, но дека не можат да им забранат на продавачите истите да ги заградат со најлон. Имајќи го ова во предвид, се чини колку и да изгледаат привлечно и унифицирано овие тезги, се додека не се  заштитат продавачите од надворешните услови, најлоните ќе бидат составен дел од охридскиот новогодишен имиџ.

{loadposition content9}