Уште од денеска во одделот за зајмување во НУ Библиотека „Григор Прличев“ може да ги побарате следните нови наслови:
„Мојот не баш совршен живот“ и „Го имам твојот број“, двете од авторката Софи Кинсела во издание на Сакам книги.
Побарајте ги и трите романи во издание на Книгохоличари: „Надеж помеѓу страниците“ од Пепер Башам, „Во потрага по Ноел“ од Ричард Пол Еванс и „Девојката Ангел“ од Ен Мари Бриар.
Од Градската библиотека уште еднаш потсетуваат дека годишната членарина за возрасни е 300, а за деца 200 денари. Работното време на библиотеката со читатели е од понеделник до петок од 8 и 30 до 16 часот.