Skip to main content

Ну библиотека григор прличев

Нови пет наслови кои се хит ова лето

Библиотеката работи од понеделник до петок од 08:30 до 16:00 часот. Годишната членарина за деца е 200, а за возрасни 300 денари.
 |  инфодеск  | 
Нови наслови

Неделната понуда на нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид овој пат е спој од издавачките програми на „Книгохоличари“ и „Сакам книги“.

На одделот за зајмување може да ги побарате следните наслови: „Десет мали воздишки“ од А.К. Такер, „Господин неподнослив“ од Вај Киленд и Пенелопи Вард, „Малата пациентка“ од Шерон Болтон, „Ме сака, не ме сака“ дело на Сара Донзил и „Улицата на бродовите“ од Сара Џио – информираат од Градската библиотека.

И ова лето библиотеката со корисници работи од понеделник до петок од 08:30 до 16:00 часот. Годишната членарина за деца е 200, а за возрасни 300 денари.

До крајот на неделава во Библиотеката се одвива Летниот саем на книги во ладовина, а функционира и 24 часа отворената бесплатна библиотека наменета пред се’ за странските туристи.