Skip to main content

Нови правилници за организирање на ученички екскурзии

По големиот број поплаки кои пристигале до Министерството за образование и наука за изборот на фирми кои ги организираат училишните екскурзиите ММинистерството и Бирото за развој на образованието ја допрецизираат постапката за нивно организирање. Тиеизработија нови подзаконски акти кои ќе важат од следната учебна година.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ученици
ucenici

Ученичките екскурзии ќе се организираат по нови правилници. Ова доаѓа по големиот број поплаки кои пристигале до Министерството за образование и наука за изборот на фирми кои ги организираат училишните екскурзиите. Жалбите најчесто биле од училишните комисии , а со изработката на правилниците за начинот на водење на екскурзиите министерот очекува да се елиминираат сите шпекулации околу евентуален uceniciнетранспарентен процес при избор на фирма. Новина е што отсега постапката за прибирање на понуди училиштето ќе треба да ги објави на видно место на училишната зграда и во најмалку два весници. За првпат се прецизира дека огласот треба да содржи место, начин и рок за доставување на понудите, не пократок од пет дена, детален опис на услугата, минимални услови кои треба да ги исполни понудувачот, документи кои треба да ги достават и информации за точна вредност на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот во висина од 5 до 15 проценти. Комисијата нема право да ги менува предвидените минимални услови во правилникот. На ваков начин ќе се заштитат и родителите на учениците од непотребни финансиски оптоварувања. Овие правила ќе важат од септември.

{loadposition content9}