Skip to main content

Нови простории, побогата програма најави Центарот за култура во 2014та

Центарот за култура „Григор Прличев“ изминатата година ја оцени како доста успешна. Директорката Драгана Боцеска се пофали со многу реализирани проекти, некои со поддршка од Министерството за култура, некои самостојни.

 |  Мишел Наумоски  | 
pretstava
претстава

 Успешна 2013 година за Центарот за култура „Григор Прличев“. Директорката Драгана Боцеска, вели дека во годината што измина успеале да реализираат бројни проекти, дел со поддршка од Министерството за култура, а дел со сопствени сили.

letna bavcaБалканскиот фестивал, Охридските староградски средби, нови соработки на полето на хорската музика, нови театарски претстави, нов филмски проектор. Сепак според Боцеска, еден проект се издвојува повеќе од останатите.

„Ќе го кажам обновувањето на киното „Бавча“ и неговото повторно активирање со УФО фестивалот кој го отворивме летото и повторното заживување на тој простор кој што беше и една желба на охриѓани, и многумина од Македонија кои го знаат тој простор. Се надеваме дека тој простор се повеќе и повеќе ќе се развива како еден нов културен простор за културни активности.“-рече директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцеска.

Боцеска за новата 2014 година вели дека имаат планови како да ја направат уште поуспешна од претходната.

pretstava„Сакаме да продолжиме да ги подобруваме условите. И тука имаме поддршка од Министерството за култура, за сите оние што работат, безразлика далис е професионалци или аматери, да обезбедиме еден подобар, поубав простор и да направиме подобра адаптација. Тоа ние е наредниот план. Се надеваме дека ќе се реализира. Во програмскиот дел, во постоечките содржини, поголем квалитет, афирмираност во јавноста, поголема посетеност, секако дека секогаш покрај нашата програма се трудиме да имаме и гостувања, разноликост, тоа што е актуелно да можеме да го донесеме овде во Охрид. Преку целата година да имаме нешто, интересно да понудиме на граѓаните.“-вели Боцеска.

Но освен планираните активности, за 2014 година, Боцеска вели дека желба на Центарот за култура е да добијат и 3Д кино како би можеле да бидат во тек со најновите светски случувања.

{loadposition content9}