Новите тезги во старото руво
Започна самоволното надградување на новите тезги за продажба на новогодишни реквизити и покрај молбите на локалната до продавачите да не го прават тоа.
Започна самоволното надградување на новите тезги за продажба на новогодишни реквизити и покрај молбите на локалната до продавачите да не го прават тоа.
Иако во текот на вчерашниот ден, ЈП „Градски Пазар“ ги замени старите тезги за продажба на новогодишни реквизити со нови дрвени, тие денес почнаа да добиваат „нов“ изглед.
Вчера директорот на ЈП „градски Пазар“кое ги изнајмува тезгите на заинтересираните продавачи, Коталески упати апел до продавачитетие тезгите кои ги изнајмуваат да ги остават во првобитниот изглед, но додаде дека не можат да им забранат на продавачите истите да ги заградат со најлон.
Имајќи го ова во предвид, се чини колку и да изгледаат привлечно и унифицирано овие тезги, се додека не се заштитат продавачите од надворешните услови, најлоните остануваат составен дел од охридскиот новогодишен имиџ.
{loadposition content9}