Skip to main content

Новиот директор на Центарот за социјални работи се заложи да ја унапредува социјалната заштита на ранливите категории

Програма за континуиран професионален развој на вработените, исполнување на проектите од областа на социјалната заштита како и посветеност на помагање на ранливите категории на граѓани. Ова се само дел од поставените цели на новиот директор на Центарот за социјални работи од Охрид, Артим Османи. 

 |  Мишел Наумоски  | 
csr

Посветени сме на максимално остварување на социјалната заштита на ранливите категории на граѓани. Центарот функционира и ќе функционира согласно законските прописи, но и во насока на реализација на многубројните проекти кои се спроведуваат со цел унапредување на социјалната заштита. Ова се само дел од целите, мисијата и предизвиците со кои новиот директор на Центарот за социјална работа од Охрид, Артим Османи вети дека ќе се посвети за да ги постигне.

Artim Osmani“Јас како од моја страна така и од вработените, ќе дадам максимален напор за да и се помогне на оваа група на граѓани, согласно законските надлежности да ги остварат своите права кои им се загарантирани со законот. Треба да се истакне дека наш приоритет се многубројните проекти на Министерството за труд и социјална политика кој преку нашиот центар допира кон граѓаните, значи ние сме таа конекција, тој мост.”-вели Артим Османи, директор на Центарот за социјални работи од Охрид.

Османи вели дека многу важен елемент за да се постигнат зацртаните цели е позитивниот пристап на работените кои ги услужуваат лицата во социјален ризик па оттука и постојаната потреба за нивна надоградба.

socijalno“Во иднина јас планирам да се посветам на планирање на стручно усовршување на работниците во оваа институција, или давателите на јавна услуга која ќе се спроведе по специфичен план КПР програма или “Континуиран професионален развој”. Би сакал да потенцирам дека од големо значење овде за нас се новите услови за работа. Како што знаете овде имаше проект за реновирање и сега се гледа голема позитивност и од страна на вработените, па и од странките кои доаѓаат овде за да се услужат.”-рече Османи.

Во моментов, во Центарот за социјални работи тече и рокот за обнова на документацијата за право на социјална парична помош. Во изминатите три дена откако започна обновата, во Центарот пристигнале 130 барања односно 130 корисници поднеле документација за обнова на правото. Инаку право на социјална парична помош користат 450 граѓани, иако директорот Османи не ја исклучи можноста дел од нив и да не го продолжат ваквото право на парична помош, но додаде и дека до истекот на рокот може да се јават и нови корисници на социјална парична помош кои исто така треба да поднесат соодветна документација во Центарот за социјални работи. За оваа цел потребни документи се важечки лични карти за сите возрасни над 18 години, пресуда за развод на брак ако лицето е разведено, пресуда за определена законска издршка и потврда за студент. Рокот за поднесување трае до 11ти Декември.