Skip to main content

Новиот сообраќаен режим во стариот дел на градот ќе профункционира од наредниот понеделник


Новиот сообраќаен режим во стариот дел на градот ќе профункционира од наредниот понеделник. Иако беше најавено дека новиот режим ќе се спроведе од средината на минатиот месец, работите се пролонгираа бидејќи оваа година во системот има доста измени за разлика од минатата година.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Новиот сообраќаен режим во стариот дел на градот ќе профункционира од наредниот понеделник. Иако беше најавено дека новиот режим ќе се спроведе од средината на минатиот месец, работите се пролонгираа. Градоначалникот Константин Георгиески вели дека системот е готов, рампите се поставени, картичките се реевидентирани, но има потреба уште еднаш да се презентира начинот на одвивање на сообраќајот во стариот дел на градот затоа за утре е закажана повторна средба со граѓаните кои живеат таму бидејќи оваа година во системот има доста измени за разлика од минатата година.

Лицето кое што е на пример на Горна порта, доколку дојде лице кое има резервација во Стар град ќе го комуницира центарот каде се наоѓа видео надзорот и од таму ќе му биде отворена рампата кај Горна порта, вели градоначалникот.

Во куќичката која е поставена во премиум зоната за наплата на паркинг за тие лица кои тука се паркираат со наплатна картичка се наоѓа целиот систем за функционирање на рампите. Ќе има перманентен видео надзор од 24 часа кај Горна порта и кај Каменско и ќе има физичко присуство на луѓе 24 часа.

Жителите од Стар град кои очекуваат гости од денес за утре ќе треба списокот на гости кои ќе им стигнат да го достават во центарот кај премиум зоната и таму ќе има список од секој еден турист кој треба да дојде во стариот дел на градот. Доколку го нема неговото возило на списокот, односно не е пријавен нема да биде пропуштен во стариот дел на градот, вели градоначалникот.

Во текот на оваа недела ќе бидат испечатени и флаери кои ќе бидат поделени во стариот дел на градот како би можеле граѓаните уште подобро да се информираат за новиот сообраќаен режим.