Ново лето, стари проблеми
Сеуште голем број граѓани и туристи се жалат на неправилности во такси превозот. Од ТЛЕР тврдат дека кај нив никој не се пожалил на бројот кој е ставен на лепенките од такси возилата. Но, признаваат дека и покрај тоа проблеми има и треба систематски да се решаваат.
Секоја летна сезона со старите добро познати проблеми во градскиот такси превоз. Низ охридските улици и летувалиштата долж крајбрежјето повторно има појави каде што одредени таксисти ги кршат законските прописи. Револтирани граѓани споделуваат различни непријатни искуства при превоз од некои охридски таксисти. Јавуваат за случаи каде што се наплаќа според клиентите кои се возат, се преземаат патници од автобуските постојки, не се издаваат фискални сметки, се вози и без уклучен таксиметар, а таксистите не се раслположени да возат на пократки реалции. Со цел намалување на ваквите појави локалната пред неколку години преку секторот ТЛЕР спроведе акција со која на сите такси возила им беа залепени лепенки на кои имаше телефонски број на кој незадоволните клиенти можеа да се јават и да се пожалат доколку се соочат со неправилности. Лепенките сеуште ги има во возилата.
Годинава не сме имале поплаки на тој телефонски број. Јас знам дека такви појави има не го негирам тоа. Мене лично не ми се случило но од контакти со други граѓани имам информации дека има голем број неправилности, но досега кај нас немаме поплаки, вели Ѓоко Апостолов-раководител на ТЛЕР.
Апостолов кажува дека во летниот период поради зголемената побарувачка на такси превоз некои од таксистите се однесуваат самоволно и непрофесионално.
Граѓаните кои ги користат овие услуги слободно доколку забележат неправилности нека пријават кај нас па ние ќе ги информираме надлежните инспекции, вели Апостолов.
Од Локалната самоуправа велат дека нивните сообраќајни инспектори совесно си ја вршат должноста, но напоменуваат дека нивните ингеренции се ограничени. Надлежноста на сообраќајните инспектори завршува со баждарењето и котролата врз таксиметарот. За издавањето или неиздваањето на фискалните сметки е задолжена управатa за јавни приходи па апелираат до граѓаните во такви случаи да се обратат и да пријават неправилности до оваа управа.