Skip to main content

Св. Кирил и Методиј, ново средно училиште во градов

Економското училиште и медицинската паралелка се издвоиja од Гимназијата Св. Климент Охридски. Оваа дамнешна идеја денес доби свој епилог со гласањето на советниците  во советот на Општина Охрид.

 |  Јаковлева Лионела  | 
uciliste
училиште

Се формира ново општинско средно училиште. Економското училиште и медицинската паралелка се издвоиja од Гимназијата Св. Климент Охридски. Секретарот на Општината, Димитар Спасески вели дека ова била идеја уште на минатиот совет во 2010год. кога донеле одлука за поделба на ова училиште. Сега додава Спасески се создале услови таа идеа да се реализира.

-На крајот на минатата недела Министерството за образование ја даде согласноста за поделба. Претходно стручна комисија од министерството направи увид врз објектите, наставниот кадар, бројот на учениците и утврди дека сите услови за поделба се исполнети. Веќе е одлучено и за името на училиштето Ќе се вика Св. Кирил и Методиј, вели секретарот.училиште

Координаторот на советничката група на СДСМ, Томислав Тунтев рече дека оваа одлука е за поздравување, но требало многу порано да се случи.

-Нам како на опозиција денеска ни е драго што оваа одлука се донесе, но не се согласувам дека дури сега се стекнале услови за тоа. Условите беа стекнати и во 2010 но поради други причини мораше да се чека четири години за истата да се реализира и операционализира, вели Тунтев

Тунтев додаде дека со поделбата на средните училишта ќе се овозможи поефикасно работење и на двете и ќе се создаде поголема можност за изготвување на различни проекти преку кои ќе можат да извлечат пари за нивниот развој. Тој рече дека се што е во корист на наставниот кадар и на учениците е позитивно. Но имаше забелешка зошто не се отворила дебата за името на училиштето и потсети дека економското училиште некогаш се викаше Мите Богоевски.

{loadposition content9}