Ново училиште во Волино
После 7 децении оваа рурална средина ќе го добие најсовремениот објект во општина Дебрца, обелодени градоначалникот Игор Трајкоски. Во новото училиште, од наесен, ќе учат 12 деца до петтоодделение.
Волино ќе добие ново училиште. Објектот е од монтажен тип со добра градба и ќе претставува најсовремено училиште во општина Дебрца, истакна градоначалникот Игор Трајкоски, во неговото денешно обраќање до медиумите. Додаде дека новиот објект ќе обезбеди солидни услови за одвивање на воспитно образовниот процес.
„Училиштето ќе има две училници каде што ќе бидат учениците, потоа имаме санитарни јазли во склоп на училиштето, просторија за наставниците, ходник голем. Во училиштето имаме петто-одделенска настава и учат 12 ученици.
Досега учениците од село Волино настава посетуваа во старата училишна зграда, објект изграден во далечната 1939 година. Градоначалникот Трајкоски во иднина планира и тој објект да го реновира и да служи за потребите на жителите од Волино.
„Највероватно ќе издвоиме некои средства да се реставрира и да се користи за други намени во функција на селото“.
Во моментов се изведувт завршните активности околу изградбата на новото училиште во Волино. Градоначалникот Игор Трајкоски за крај потенцира дека изградбата на новиот објект е реализација на уште едно од ветените дела од програмата, секако во соработка со Министерството за образование.
{loadposition content9}