Охридската противпожарна територијална единица информира дека продолжуваат да ги зајакнуваат своите капацитети.

Претставници на ТППЕ Охрид превзедоа противпожарен камион со дополнителна опрема, донација од Австрија.

– Упатуваме голема благодарност до нашите соработници и помагатели од покраината Тирол за оваа вредна донација. Продолжуваме со посветена работа и реализација на планираните проекти, порачаа од ТППЕ Охрид.