Skip to main content

Новогодишен гламур и турбо фолк

Новогодишен гламур и турбо фолк.

 |  Валентина Неловска  | 
dekor
dekor

 

Во Охрид, на градскиот Плоштад покрај новогодишната елка ќе биде поставено и лизгалиште на мраз. Новата содржина  ќе придонесе за добра забава  на  охриѓани и  гостите кои ќе допатуваат во градот за дочек на Новата година. Лизгалиштето ќе може да се користи се до празникот Богојавление, открива портпаролот на ЛС,  Томе Џамтоски.
dekor
„ Постапката е завршена, лизгалиштето ќе биде концентрирано околу споменикот Св. Климент кој ќе биде  заштитен со ограда. Ќе биде на  површина од околу 120 -150 метри квадратни. Преговораме со фирми кои имаат искуство во оваа работа. Корисниците кои немаат реквизити ќе може да ги изнајмуваат лизгалките и да уживаат на мразот.“  

За новогодишното  декорирање веќе се набавени нови украси кои ќе се надополнат со постоечките светлечки реквизити. Градот годинава ќе биде гламурозно накитен и поелагантно осветлен, ветуваат од Локалната самоуправа. Декорациите  ќе бидат поставени на охридската чаршија, кејот, Булевар Туристичка и поголемите улици кои водат кон центар. Но, во гламурозниот декор по се изгледа градот ќе потфрли со традиционалните новогодишни тезги. Тие и оваа година ќе останат со добро познатиот изглед, а за набавка на нови се размислува дури од следната година. Инаку, со декорација на дел од градските улици е веќе  отпочнато, а работите ќе бидат финализирани по завршувањето на патронатот на градот, информираат од Локалната.
plostad
„ Од 9 до 13 декември, секторот за сообраќај и патишта со логистика на нискоградба и комуналец ќе ги поставува. Се надеваме Охрид  ќе добие новогодишно руво, поелегантен и поатрактивен од претходните години. Набавени се нови поелегантни декорации. Финансиската конструкција за нивна набавка е во рамките на она што го дозволува буџетот и она што е предвидено со програмата за таква намена.“

За новогодишната забава на градскиот плоштад од  општината сеуште официјално  не ги откриваат имињата со кои се преговара за настапот. Сепак низ чаршијата веќе се нагаѓа дека новогодишниот гламур ќе добие примеси на турбо фолк со ѕвезди од соседна Србија. И додека едни се надеваат дека Лепа Брена и Харис Џиновиќ не се шпекулација, други пак очекуваат настап на македонската поп ѕвезда Каролина Гочева. 

{loadposition content9}