Skip to main content

Новогодишните честитки, остануваат традиција

Наскоро доаѓа Новата година. Убавите шарени честитки и пораките испишани во нив на некој начин се дел од нашата традицијата. Новогодишните честитки, кога поштарот ги носи во домовите на граѓаните, се посебно доживување, но за жал оваа традиција, од година во година се губи во ерата на интернетот.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Новата година и Божиќните празници се посебни и цеслосни кога во вашето поштенско сандаче ќе добиете некоја убава и шарена новогодишна честитка. Ако порано праќањето честитки за Нова година беше традиција, последниве години повеќето од нас праќаме и добиваме повеќе честитки преку електронска пошта. Новогодишните честитки ги има да се купат, но колку граѓаните ја негуваат навиката со честитка да си посакаат Среќна Нова Година?!

„Да купувам и испраќам честитки, бидејќи сметам дека преку СМС пораки не е честитање на Нова година“.
„Убаво е Нова Година да се честите со новогодишна честитка“.
„Не, не купувам честитки денес тоа го правам преку социјални мрежи, дефинитивно СМС можда“.
„Слабо испраќам честитки, честитам преку телефон“, велат анкетираните граѓани.

„Традицијата останува и ние ја продолжуваме“, велат продавачите на новогодишни честитки, кои и оваа година ги има на плоштадот кај чинарот.

„Луѓето бараат, посебно оние кои се во странство традиција им е, гурбетџиите на своите им праќаат честитки. Не е како порано што беше, но сепак ги бараат“

Желбите за Нова Година на сите се позитивни, а напишаното во честитките секој сака да биде реалност во годината Нова, која наскоро доаѓа. Пред неколку години не беше замисливо да не се купат новогодишни честитки за цело одделение, за најдобрите другарчиња, да им се стават во училишната ташна или пак, да се испратат по пошта. А денес поради модерниот начин на живот на сите им е многу полесно да испратат и-мејл или пак, да напишат по некој убав збор и желба на социјалните мрежи.