(видео) Новогодишна честитка од градоначалникот Кирил Пецаков
На претпоследниот ден од годината, политичарите ги испраќаат своите новогодишни честитки до граѓаните.
Во Новата 2024 година ви посакувам да имате пред сѐ добро здравје, неизмерна радост и многу незаборавни доживувања, порачува градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков во Новогодишната честитка до граѓаните.
„Нека ви биде година исполнета со бескрајна убавина и благососотојба! Уживајте во овие празнични мигови на семејна љубов и пријателство! Да прославуваме заедно уште многу весели моменти за Охрид и Македонија! Нека ни е среќна и бериќетна Новата 2024 година!„ – вели градоначалникот Пецаков во празничната честитка.


