Охрид деновиве блесна со сиот свој сјај и е подготвен за Дочекот на Нова година и претстојните празници.

Веќе се чувствува Новогодишната еуфорија низ центарот на градот, а највесели се секако најмладите охриѓанчиња.

Сите оние кои сакаат да ја почувствуваат празничната атмосфера се добредојдени во Охрид. За новогодишната ноќ се потрудивме да обезбедиме забава за сечиј вкус, а за тоа ќе се погрижат веќе докажани македонски естрадни уметници. Денска забава на Градскиот плоштад ќе има и наредниот ден – напиша градоначалникот Кирил Пецаков, на официјалниот фејсбук профил.

За атмосферата да биде уште поубава, на градскиот плоштад е поставена и голема Бадникова пештера, која наликува на онаа во Витлеем, каде што е роден спасителот Исус Христос.



Фото/Твм.мк