Skip to main content

Новозасадените јасени на Булевар Туристичка вандализирани

Непознати лица на вандалски начин го оштетија ново засадениот дрворед од јасени на „Булевар Туристичка„

 |   | 


Непознати лица на вандалски начин го оштетија ново засадениот дрворед од јасени на „Булевар Туристичка„ (на потегот од кружниот тек на пресекот со „Стив Наумов„ до пресекот со „Ариф Мустафа„).


Оштетени се 15 дрвја чии стебла се деградирани со остар предмет.

Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид го осудува овој вандалски чин со кој е нанесена материјална штета и нагрдени се јавните зелени урбани површини и бара сторителите да бидат санкционирани.