НП Галичица со проект од ЕУ доби ново теренско возило
НП Галичица со проект од ЕУ доби ново теренско возило. Со подновување на возниот парк установата ќе го подобри управувањето со заштитеното подрачје на паркот. Вакви возила добија и останатите национални паркови во земјава.
Јавната установа НП „Галичица“ го поднови возниот парк со ново теренско возило. Со проект од ЕУ доби на располагање возило за подобро управување со заштитеното подрачје. Проектот има три компоменти кои опфаќаат : формирање арборатум околу центарот за посета, формирање на репроцентар за европски елени и ревизија на програмата за долгорочен мониторинг на биолошката разновидност, информира директорот Андон Бојаџи .
„Во рамките на проектот добивме теренско возило кое ќе се користи за активности поврзани со спроведување на проектот, но и за редовни активности кои ги прави НП Галичица. Во делот на заштитата на природните вредности вклучува и физичка заштита на природните вредности“, напоменува Бојаџи .
НП Галичица располага со теренски возила, најчесто во нивните работни задачи се користат џиповите Лада Нива. Теренско возило добиле и со проект финансиран од КФ банката од Германија, информира Бојаџи.
„Се покажа дека вакви возила се корисни за јавната установа. Покрај техничките карактеристики кои овозможуваат достапност на поголем дел од паркот кој има солидна мрежа на патишта заради приколката може да се користат за пренос на технички материјали , но и за активности поврзани со чистење на отпад и слични потреби“, укажува Бојаџи.
ЈУ НП Галичица, кое работи на принципот на самофинансирање редовно ги сервисира возилата и ги одржува во добра кондиција. Исто така националниот парк нема проблем ни со набавка на гориво за да се обавуваат работните активности потербни за функционирање на паркот кој влегува во заштитената зона под Унеско , нагласува директорот Андон Бојаџи.