Skip to main content

НП Галичица објави нов ценовник за посетители и корисници на услугите

Од Националниот парк ги повикуваат граѓаните и туристите навреме да се информираат за важечките цени пред да ја планираат својата посета.
 |  инфодеск  | 
Галичица

Јавната установа Национален парк Галичица го објави новиот Ценовник за надоместоци за влез, посета и користење на услугите што ги нуди паркот.

Ценовникот ги опфаќа надоместоците за влез во заштитеното подрачје, паркирање, кампување, користење на едукативни содржини, фотографирање и снимање, организирање настани, како и други услуги достапни за посетителите.

Од Националниот парк ги повикуваат граѓаните и туристите навреме да се информираат за важечките цени пред да ја планираат својата посета.

„Средствата обезбедени преку наплатата на надоместоците директно се вложуваат во заштитата на природните вредности, одржувањето на инфраструктурата и подобрувањето на услугите и условите за посетителите“, информираат од установата.

Националниот парк Галичица е едно од најзначајните заштитени подрачја во земјата, препознатливо по богатата биолошка разновидност, уникатните природни пејзажи и бројните можности за рекреација и активен туризам.

Од управата на паркот упатуваат покана до сите љубители на природата да ја посетат Галичица и да придонесат кон зачувувањето на нејзините природни богатства.

„Добредојдовте во Национален парк Галичица – место каде природата и човекот живеат во хармонија“, порачуваат од паркот.